Антикорупциска комисија поведува постапка за 18 роднини на јавни функционери за тоа како се вработени.
На списокот се Мира Стојчевска за која се разгледуваат три случаи – за тоа како е унапреден сопругот Илјо Стојчевски во Шумската полиција во Делчево, за нејзиниот син Виктор Стојчевски кој беше вработен во државната ЕЛЕМ и за нејзиниот брат Цветан Велевски вработен во РЕК Битола.
Ќе се истражува и како Бесија Џафери , ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери е вработена во ЕЛЕМ.
Објавен е и Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, а нововработен во Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Ја има и Хидаете Алили, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми која доби работно место во АД ЕЛЕМ.
Спомената е и Влора Бектеши, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, примена на работа во МЕПСО. Ја има и Фанија Костадинова, мајката на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, вработена во Централниот регистар. Марија Јосифовска, сестра на пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е евидентирана како вработена во уметничкото друштво „Мирка Гинова“.
Comments are closed for this post.