Не се основани шпекулациите дека починал уште еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, и дека бројката се искачила на 15 загинати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Одредени медиуми лиферуваа информација дека бројот на загинати во трагичната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје- Тетово во близина на Карпалак се исклачил на 15.