Реал Мадрид и Тотенхем славеа во првите натпревари од своите осминафинални двомечи од Лигтаа на шампионите, против Ајакс и Борусија Дортмунд соодветно, со што направија големи чекори кон пласман во следната рунда. Бранителот на титулата, Реал Мадрид славеше со 2:1 на гости во Амстердам, додека Тотенхем беше сигурен дома во Лондон и победи со 3:0.
Карим Бензема го отвори резултатот во 60 минута по еден продор и додавањето на Винициус, а Марко Асенсио во 87 минутан го постави конечниот резултат на додавање од десната страна на Дани Карвахал. Во меѓувреме, во 75. минута Мароканецот Хаким Зијеч ја затресе мрежа на мадриѓаните за моментално изедначување на резултатот.
На дуелот во Лондон, до полувреме, двете екипи играа резултатски изедначени, по што само две минути во вториот дел Кореанецот Сон Хеунг-Мин го отвори резултатот. Таа минимална предност беше на сила до самиот финиш, односно до 83 минута, кога во рок од три минути Тотенхем дојде до значајната предност. Стрелец на вториот гол за Англичаните беше Јан Фертонген, а конњчниот резултат го постави Шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте.
Comments are closed for this post.