ВМРО-ДПМНЕ нека не бара алиби, еве ги пред нас претседателските избори, многу брзо ќе се покаже, Мицкоски го чека пораз на фер избори, одговорија од СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ има проблем како да си ги објасни своите нелогични изјави. Како тоа СДСМ бега од избори кога за два месеци има претседателски избори? Токму претседателските избори ќе покажат кој бега од волјата на граѓаните и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе бара алиби за изборниот пораз како сега“, се вели во соопштението.
Од СДСМ порачуваат дека граѓаните ќе го кажат своето мислење за кандидатот и политиките на СДСМ кои носат напредок, развој, членство во НАТО и ЕУ, иднина од една страна и мислењето за кандидатот и политиките на ВМРО-ДПМНЕ за деструкција, блокади, изолација, враќање наназад од друга страна.
На претседателските избори кандидатот на СДСМ ќе победи убедливо, Република Северна Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани а ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее убедлив пораз. Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов, ниту нов Груевски“, се истакнува во соопштението.
Comments are closed for this post.