Директорот на албанската полиција Арди Велиу денес соопшти дека „Албанија не е веќе на мапата земји каде се одгледува канабис“. Тој ова го соопшти на настанот насловен „За Албанија без полиња со канабис“.
Според објавениот извештај на албанската полиција на италијанската финансиска полиција во 2018 година битката со марихуаната дала извонредни резултати – шверцот кон Италија е намален за цели 81 проценти, споредено со 2017 година.
„Албанија излезе од мапата земји кои одгледуваат наркотици. Многу состаноци за кревање на свеста беа организирани, а огромен придонес дадоа затворските институции. Создадовме дигитална мапа на реони каде се одгледуваа наркотици со години. Друг аспект беше да го зајакнеме капацитетот за борба со дрогите и да ги обезбедиме тимовите со неопходни средства. Изведовме 69 летови и ги идентификувавме криминалните групи“, изјави Велиу.
Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиѓи Сореца денес денес рече дека резултатите на албанската полиција и на италијанската Гвардиа Финанца се импресивни.
Борбата со организираниот криминал и со трговијата со дроги е едно од клучните услови за почнување преговори на Тирана со ЕУ.
Comments are closed for this post.