Интернет порталот „European Best Destinations“ спровел истражување над 500.000 корисници од 150 држави во светот, според кое, Будимпешта е прогласена за најдобра еропска дестинација за 2019 година.
Бисерот на Дунав е не само најдобрата европска дестинација, туку е и еден од најубавите и најбезбедни градови во светот. Будимпешта ја сугерира елегантноста на Париз, архитектонското наследство на Виена, шармот на Порто и лежерниот начин на живот на Стокхолм, го објаснува порталот својот избор.
По Будимпешта, во првите десет дестинации влегуваат Брага (Португалија), Монте Изола (Италија), Мец (Франција), Познањ (Полска), Малага (Шпанија), Женева (Швајцарија), Цавтат (Хрватска), Братислава (Словачка) и Сент-Максим (Франција).
Comments are closed for this post.