Денеска и утре, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе престојува на дводневна работна посета на Албанија.

Во рамки на посетата, Џафери ќе присуствува на утрешната пленарна седница на албанското собрание на која ќе се ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО.