Денеска во 13 часот, Царинската управа ќе ја постави првата табла со називот „Република Северна Македонија“ .

Таблата со новото уставно име ќе биде поставена на граничниот премин Богородица на границата со Грција.

Во брзо време, табли со новото име ќе бидат поставени на сите гранични премини, како и на зградите на државните институции.