ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесат барање за надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на програмата за 2018 година.
За ова на денешната прес-конференција во Собранието, информираше пратеничката Ане Лашкоска.
Веќе втора година сведоци сме на нетранспарентно и скандалозно носење на Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за финансирање на проекти од национален интерес. Ако во минатогодишната програма имаше дискутабилни проекти и партиско финансирање, годинава има програма за која нема кој нема реакции, почнувајќи од издавачката, драмската, музичко-сценската, музејската фела“, вели Лашкоска.
Според неа СДСМ покажале и докажале на дело и во минатото и сега во овие две години дека имаат елементарно непознавање за културата.
„Капитални инвестиции, нула. Заштита на културата, нула. Програма каде се уништуваат значајни манифестации, бренд на културата во Македонија. Каде води ова? Овде се работи за многу сериозни работи кои навлегуваат во меѓуетничкото ткиво за кое многу водиме грижа, врз комплетното отсуство на критериуми. Тука не се работи за културни вредносни критериуми, туку во игра е политика на поделба на „наши“, и „нивни“. Тука е она што најмногу боли. Со ова, Министерот ги потценува и своите албански културни дејци. Очигледно тој има потреба да се покаже, како спасител на нивната култура. Прашањето е од кого и на чија сметка?“, прашува Лашкоска.
Comments are closed for this post.