Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираат од здравствената установа.
Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.
Четворица од заболените се амбулантски прегледани и се пуштени на домашно лекување
На Клиниката има 26 пациенти од кои четворица се возрасни, 22 се деца од кои најголем број се на возраст од една и под една година.
Бебе на 13-месечна возраст е третата жртва на здравствени компликации предизвикани од морбили. Детето од тетовскиот регион, поличнало доцна синоќа на Клиниката за детски болести.
Comments are closed for this post.