Македонската полиција пронајде 83 илегални игранти, од кои 11 биле малолетни лица. Десет од малолетниците се од Пакистан, а еден од Авганистан, додека меѓу 72 полнолетни мигранти четворица се од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан.

Полициската акција била изведена од полицајци од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ во близина на гевгелиското село Смоквица. Странските државјани биле пронајдени во товарниот дел на моторно возило, влекач, со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија.

Возачот е приведен, а мигрантите се префрлени во Прифатниот Центар во Гевгелија, соопшти МВР.