Град Скопје се уште ги нема добиено извештаите од општинските инспектори дали во екот на најголемото загадување, во периодот од 21 до 23 јануари, биле почитувани итните мерки кои ги донесе Градот и Владата на РМ.

За жал, рече Шилегов, „немаме добиено никакви извештаи и не можам да го мерам поведението на другите институции“, но кажа дека не се сомнева дека не биле почитувани.

Во тие денови, јавноста беше сведок на непочитуваање на мерките, а се објавуваа и видеа од градежни активности во деновите кога скопјани се гушеа.

Во меѓувреме, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето, Градот Скопје распишува јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата.