Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го поздрави потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО, оценувајќи го како „победа на западните вредности и напредок на регионот кон евроатланските интеграции.
Како што напиша Тачи на Фејсбук, постигнувањето сеопфатен договор меѓу Косово и Србија „ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот“.
Му честитам на целиот политички спектар во Северна Македонија за ова постигнување, кое несомнено ќе донесе повеќе мир, стабилност и безбедност во нашиот регион. Додека, пак, сеопфатниот договор меѓу Косово и Србија ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот и отворањето на патот кон зачленувањето (на Косово) во Обединетите нации, НАТО и Европската унија – напиша Тачи.
Nënshkrimi i protokollit të anëtarësimit të Maqedonisë së Veriut në NATO është një fitore e vlerave perëndimore dhe…
Posted by Hashim Thaçi on Wednesday, February 6, 2019
Comments are closed for this post.