Откако на владина седница пред два дена беше донесена одлука за отстранување на оградата од пред владината зграда, утрово десетина работници почнаа со сечење и вадење на железните огради.
Оградата ја постави претходната власт и за неа плати 700 илјади евра. Таа е дел од проектот „Скопје 2014“, заедно со реконструкцијата на фасадата.
Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошни одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните. Бетонските столбови во моментот нема да се отстрануваат бидејќи, како што појасни Бошњаковски, нивното отстранување чини премногу.
Со ова, како што посочи Бошњаковски, Владата го исполнува ветеното и го промовира концептот на отворена влада.
Comments are closed for this post.