На граничниот премин Божај, на влез во Црна Гора од Албанија, црногорските полицајци и цариници синоќа одзедоа околу 17 килограми хероин и уапсија албански државјанин.
Како што соопштија полициската и царинската управа, Е.А.(35) е уапсен поради основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство, држење и ставање во промет опојни дроги.
Во внатрешната кабина во инструменталната табла на товарно возило марка „даф“ со приклучно возило марка „шварцмилер“ пронајдени се 18 пакувања со прашкаста материја во светлокафеава боја за која се претпоставува дека е опојна дрога хероин, додека во друг бункер се најдени 12 пакувања со иста содржина, се наведува во соопштението.
Одземени се вкупно 30 пакувања со прашкаста материја за која се претпоставува дека е опојна дрога хероин со тежина околу 17 килограми.
Вредноста на одземениот хероин во улична продажба се проценува на околу половина милион евра.
Comments are closed for this post.