Нафтените деривати од ноќеска по полноќ се зголемуваат од половина до денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на Регулаторната комисија, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 63,50 денари за литар.
За еден денар поскапо ќе се продава Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло. Така, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 48,50 ден/лит.
Дизелот се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена пред две недели што значи дека од полноќ новата цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг и ќе изнесува 31,121
ден/кг.
Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на покачената цена на суровата нафта на светските пазари и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.
Comments are closed for this post.