Една внимателна анализа на настаните во Република Македонија покажува дека поделените ставови таму се се уште силни, се уште не се надминати и затоа залогот од Договорот за добрососедство треба да биде исполнет уште поактивно, поенергично и со резултати, изјави, меѓу другото, првиот човек на бугарскиот дел на Заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашањата од историјата и учебниците, проф.Ангел Димитров.
Во емисијата „Хоризонт“ на БНР, првиот бугарски амбасадор во Скопје изјави дека во делот на економијата меѓу двете држави веќе има забележлив напредок, а се забележува и зголемување на контактите во културната сфера. Но, според него, отсуствуваат меѓусебните односи меѓу медиумите од двете држави.
Се уште гледам дека многу македонски медиуми не се откажале од старите ставови и го репродуцираат тоа што Договорот за пријателство и добрососедство сака да го види променето, изјави тој.
Comments are closed for this post.