Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) преку соопштение упатува апел до младите возачи да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и да не возат под дејство на алкохол.
Брзото возење и алкохолот, посочуваат, се најчести причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици.
– Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. Младоста не е и не може да биде никакво оправдување. Почитувањето на сообраќајните правила не е право на избор. Затоа, без изговори. Вози одговорно!, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Според податоците на СЗО, секоја година, во светот, околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека, 1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот, во сообраќајни незгоди ширум светот, кои се водечка причина за смртност кај лицата на возраст од 15 до 19 години, а втора причина за смртност кај лицата на возраст од 10 до 25 години
Comments are closed for this post.