Спогодбата со Грција значи бришење на македонскиот идентитет и бришење на името Република Македонија. Спогодбата со Грција значи забрана да се употребува името Македонија. Спогодбата со Грција значи цезура секогаш кога ќе се спомене Македонија, е ставот на ВМРО – ДПМНЕ, во однос на пишпувањето на грчки „Катимерини“, кој објави дека по реакција од Атина, новинската агенција МИА ги променила изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во кусото интервју за МИА од Вашингтон по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс.
Првиот скандал е пред нас. Зоран Заев кој е Премиер на Република Македонија по забелешки од нашиот јужен сосед мора да ги цензурира сопствените изјави. Државната новинска агенција не смее да објави негова оригинална изјава, па одеднаш менува нешто што Заев не кажал, само за да не го пренесе тоа што го кажал и тоа без да објасни зошто го прави. Објавува измислен став и ги доведува во заблуда корисниците на сервисот без да наведе дека станува збор за корегирана верзија – наведуваат од најголемата опозициска партија.
Comments are closed for this post.