Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.
Претходните две рочишта беа одложени за Апелација да одговори на сите жалби по барањата за амнестија.
На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица, Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.
Судот ги одби барањата за амнетсија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.
Судијката Добрила Кацарска, претходно најави, дека на следното рочиште би требало да се изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со завршни зборови.
Обвинителка Вилма Русковска, минатата недела, рече дека обвинителниот акт за случајот „27 април” не претрпил суштински измени и останува истото кривично дело.
Comments are closed for this post.