Припадници на меѓународните Сили на Косово (КФОР) и на косовската полиција синоќа изведоа контролирана експлозија на направа пронајдена во парк во Пеќ.
Како што соопшти портпаролот на косовската полиција во Пеќ, Џевад Ибра, вчера во попладневните часови биле регистрирани „одредени сомнителни активности“ во паркот, по што полициски припадници на тоа место откриле експлозивна направа.
Според Ибра, контролираната експлозија била извршена нешто пред 21 часот, при што е уништено едно возило.
Comments are closed for this post.