Пратениците денеска ќе расправаат Граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија.
Петров ја поднесе иницијативата на 14 јануари со образложение дека спогодбата Димитров-Коѕијас ја доведува Македонија во потчинета положба во однос на Грција и дека од држава стануваме територија.
Според Петров, „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?” е прашањето коешто требаше да биде поставено на референдумот што би се одржал доколу беа собрани потребните 150 илјади потписи.
Иницијативата, како што појасни Петров при поднесувањето на барањето, е поднесена на барање на 179 граѓани, а согласно законските решенија потребно е најмалку 100 граѓани да поднесат барање за иницијатива за собирање потписи за распишување референдум на државно ниво.
На ова прашање избирачите треба да одговорат дали се „за” или „против“ или да не гласаат. Прашањето е прецизно формулирано. Со иницијативата за дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија на седницата одржана на 11 јануари оваа година со амандманите на Уставот и Уставниот закон за нивно спроведување – изјави тогаш Петров.
Comments are closed for this post.