Веќе две сезони прилепчани не можат да гледаат прволигашки фудбал во својот град, иако Победа игра во Првата македонска лига. Причина за тоа е стадионот „Гоце Делчев“, кој буквално се распаѓа.
Тој наликува на руина и место каде што може да се снимаат хорор-филмови. Наместо трева има земја, оградата само што не паднала, а пак, трибините наликуваат на амфитеатар од римско време.
Иако стадионот одамна требаше да биде готов, актуелната и минатата локална власт во Прилеп се обвинуваат кој е виновен. Дотогаш Победа наместо на свој терен, домаќин ќе биде во Битола.
Comments are closed for this post.