Четата на Гарсија Парондо гази во Лигата на шампионите. Овој состав на Вардар и сезонава може далеку далеку да стигне па зошто повторно да не ги видиме на Фајнл фор. Со триумфот против Кристијанштад покажаа дека победата над европскиот првак Монпеље не била случајност.

Швеѓаните вечерва не знаеа што ги снајде. Цепелини, игра по крила, сигурни пикери.Поради добрата игра тешко е да се издвои кој беше најдобар играч на мечот. Дали тоа е Милосављев на голот или пак Чупиќ, Карачиќ и „џинот“ Криштопанс.

Штета што салата „Јане Сандански“ не беше повеќе пополнета да ја поздрави одличната игра на ракометарите и високата победа 33-25

Следниот меч во Лигата на шампионите Вардар го игра со Веспрем на гости во сабота.