Историскиот Договор од Преспа отвара нова ера на соработка, солидарност и пријателство на Балканот, го поразува национализмот од двете страни и е победа за оние кои не дозволуваат иднината да падне во рацете на квази-патриотите, порача грчкиот премер Алексис Ципрас за време на денешната владина седница.

Денешната седница е посебна, бидејќи се одржува непосредно по ратификацијата од страна на грчкиот Парламент на еден историски договор, Договорот од Преспа. Станува збор за политички настан, историски што означува многу нешта. Пред сѐ, решавање на историски проблем со нашите соседи, со Северна Грција. Но, го означува и поминување во нова ера на соработка, солидарност и пријателство на Балканот, но и пораз на национализмот, би рекол на национализмите од двете страни, што во исто време е победа за оние сили кои немаат намера да ја остават иднината на двата народи на квази патриотите, на трговците со омраза, рече грчкиот премиер.

Алексис Ципрас, денешната владина седница ја карактеризираше како посебна од три причини: бидејќи е прва по изгласаната доверба на владата од грчкиот Парламент, прва по ратификацијата на, како што рече, историскиот Договор од Преспа и поради одлуката за зголемување на најниската плата од 586 на 650 евра