Проект за примена на австриските искуства во дигализација и дуално образование, ќе спроведе Стопанската комора на Р.М  Проценка на степенот на дигитализација на компаниите, а потоа и програма за нивна дигитализација за да станат поконкурентни на глобалниот пазар, најaви денеска Стопанската комора.

Оваа активност на Комората е произлезена од последниот Инвестициски коморски форум одржан во Виена, каде што Австрија прифати да ги сподели сопствените искуства во дигитализацијата и дуалното образование со компаниите од Западен Балкан. Австрија инаку е лидер во светот по однос на дигитализирањето на компаниите.

Татјана Штерјова од Стопанската комора рече дека не може за кратко време да се очекуваат позначајни резултати, оти македонските и компаниите од соседните земји се далеку од трендовите за дигитализација на компаниите во светски рамки.

Во рамки на проектот кој ќе го води Австрија прво ќе бидат обучени консултанти за дигитализација, а потоа ќе се селектираат компаниите кај кои ќе се дигитализираат.

Во однос на дуалното образование, планирано е да се создаде образовен профил за дигитализацијта и спроведување на практичната настава.