Можете ли да замислите да сте алергични на одредено годишно време? Впрочем тоа е она што ја мачи 23 годишната Макс Фишер која е буквално алергична на зима.

Веднаш штом пристигне зимата и ладното време Фишер не смее да излегува од својот дом без нејзината маска за лице. Ако тоа го направи, ќе добие уртикарија предизвикана од студот, која може дури и да ја убие. Нејзината алергиска реакција во зима е слична со алергичните кои паѓаат во анафилатички шок по убод од пчела.

Секојпат кога вдишува ладен воздух или испие ладен пијалок, на Макс и се појавуваат црвени пликови кои ја чешаат.

Заради ваквата ситуација, таа сака да ја подигне свеста за нејзината алергија, но и да ги запознае луѓето со ваквата состојба а со тоа да престанат осудувањата кон неа дека носи маска на лицето.