Украденое е делото кое се препишува на Бенкси насликано во чест на жртвите од 13. ноември 2015 на задната врата од Батаклан, објавија од концертната сала на Твитер во саботата.

Делото на Бенкси кое припаѓаше на сите граѓани во светот е украдено“ објавија од салата во која на 13 ноември 2015 во терористички напад беа убиени 90 луѓе.

Насликан со бела боја, тажниот лик се наоѓаше на еден од излезите на задниот дел од Батаклан, во кој бројни посетители на концертот на „Eagles of Death Metal“ побегнаа за време на терористичкиот напад.

„Батаклан“ во Париз, во која џихадистите на 13 ноември убија 90 луѓе

Ова и неколку други дела кои не се потпишани, но се препишуваат на истакнатиот уличен уметник се појавија во Париз во јуни 2018 година.

Извор близок на истрагата наведува дека маскирани крадци ја извршиле кражбата со помош на дупчалка во ноќта меѓу петокот и саботата.