Владата на Венецуела ги отфрли, како што соопшти, уценувачките барања од европските земји дека наскоро мора да распишат нови претседателски избори.
Лидерот на владејачката партија Диосдадо Кабељо, истакна дека лидерите како што е шпанскиот премиер Педро Санчез би требало два пати да размислат пред на Венецуела да и „држат предавања” за демократија.
„Кој го избра него? Никој не може да дојде и да ни наредува“, потенцираше Кабељо.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини претходно порача дека ќе го признае опозицискиот лидер Хуан Гаида за претседател доколку Владата не распише нови избори во текот на наредните денови.
Comments are closed for this post.