Еврејската заедница од Солун денес го осуди чинот на сквернавење на Еврејските гробишта во тој град. Станува збор за „најголемата некропола на Евреите во Европа“ каде има повеќе од 300.000 гробови. Тие гробишта беа срамнети со земја во 1942 година.
Вчера се случи акт на насилство без преседан. Сторителите буквално ги искршиле сите мермерни надгробни плочи. Втор пат во еден месец Еврејските гробишта се осквернавени, се наведува во соопштението.
Еврејската заедница од Солун, покрај осудата ги повика властите и општетството да се вклучат во борбата со антисемитизмот и истакна дека „должност е на властите да ги откријат и да ги санкционираат сторителите“.
Иронично е што овој вандалски чин се случи на само два дена пред утрешното одбележување на Меморијалниот ден на грчките Евреи кои страдаа во Холокаустот.
Comments are closed for this post.