Обраќајќи се на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која тема е состојбата во Венецуела, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ги повика сите држави да го „поддржат народот на Венецуела“ во отпорот против, како што ја нарече, „незаконската мафијашка држава“ на Николас Мадуро.
Помпео истакна дека хуманитарната ситуација во Венецуела бара дејствување и додаде дека девет од десет граѓани во Венецуела живеаат во сиромаштија, додека три милиони биле принудени да се иселат.
Тоа го загрози меѓународниот мир и безбедноста – истакна Помпео.
Тој ги обвини Русија и Кина дека се обидуваат да го поддржат Мадуро во надежта дека ќе врати милијарди долари.
Помпео посочи дека дошло време нациите да изберат страна, затоа што, како што рече, „или сте со силите на слободата, или сте во сојуз со Мадуро и неговиот хаос“.
Comments are closed for this post.