Најмалку двајца припадници на иранските безбедносни сили се убиени при вооружен напад во провинцијата Хузестан во западниот дел на Иран, близу границата со Ирак.
Гувернерот на провинцијата, Мухсин Бејравенд изјави дека инцидентот се случил кога вооружени напаѓачи од автомобил во движење отвориле оган врз возило на безбедносните сили.
При нападот се убиен еден полицаец и еден припадник на Армијата на Иран.
Властите покренаа истрага за случајот.
Comments are closed for this post.