Лица во качулки вечерва пред грчкиот парламент го запалија македонското државно знаме.
Видеото на кое се гледа тој антидржавен чин го објави весникот „Ефимерида“ на својата веб страница.
Весникот наведува дека се повеќе и повеќе луѓе со качулки доаѓаат пред парламнтот. Во информациата се додава дека запалливи средства се фрлани и кон полицијата, која за време на палењето на знамето не реагирала.
Во моментот во парламентот се уште се води жестока дебата за Преспанскиот договор.
Comments are closed for this post.