Руски борбен авион Сухој Су-27 бил испратен да пресретне неидентификувано летало кое се движело кон руската граница, соопштија од Руското ваздухопловство. Потенцијалниот нарушувач на рускиот воздушен простор испаднало дека бил разузнавачки авион кој прибирал информации за шведската војска.
Шведскиот шпионски авион летал со исклучен сигнал додека ја водел мисијата над Балтичкото Море, велат од руското Министерство за одбрана.
Во соопштението на министерство се истакнува и дека ова не е првпат Русија да „враќа“ шпионски авиони во близина на границите на Русија. За само една недела имало пет такви обиди, соопштија од таму.
Средбата се случила на наутрален воздушен простор.
Comments are closed for this post.