Прашањето за двојазичност на униформите во АРМ, не е вградено во Законот за јазиците, рече денес вицепремиерката Радмила Шеќеринска. Таа додаде дека тоа е направено од причини кои се однесуваат на функционирање на Армијата и фактот дека униформите претпоставуваат униформност.
Рековме дека оваа одредба ќе ја испратиме до Венецијанската комисија и очекуваме мислење и за Законот и за оваа конкретна можна потреба. Факт е дека Армијата е една од институциите која нуди најголема кохезија. Во делот на одбраната главната промена се однесува на можноста на граѓаните на Република Македонија кои се обраќаат до Министерството за одбрана да можат да го користат и својот мајчин јазик, да добијат соодветен одговор. Не мислам дека тоа негативно ќе се одрази, а Армијата е посилна заради тоа што таа е репрезент на Македонија и заради тоа што ги имаме претставено сите етнички заедници, истакна Шекеринска.
Comments are closed for this post.