Полјакот Кшиштоф Пјонтек пристигна на медицински прегледи во Милан, а во меѓувреме во Лондон слета Гонсало Игуаин, додека во Мадрид се враќа Алваро Мората.
Откритието на сезоната во Серија А, Пјонтек пристигна на медицински прегледи од Џенова.
Италијанските медиуми најавуваат дека „росонери“ за него ќе платат 35 милиони евра, а дека 23 годишникот ќе потпише договор до 2023 година.
Полјакот сезонава постигна 19 голови на 21 натпревар за Џенова, а за црно-црвените би можело да заигра веќе во сабота во дербито против Наполи.
Заради Пјонтек, Милан се откажа од искусниот аргентинец Игуаин, а тоа ќе го искористи Челзи.
Популарниот „Пипита“ пристигна во Лондон во средата наутро на медицински прегледи, пред да потпише нов договор со „Стемфорд Бриџ“.
Челзи ќе го позајми Игуаин до крајот на сезоната, со можнот да го откупи на лето.
Пристигнувањето на Игуаин го исфрли од игра шпанецот Мората, кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Comments are closed for this post.