Дали некоја некоја компанија ќе биде казнета за незапирање на градежните активности во екот на најголемото загадување, ќе се знае кога ќе престанат да важат мерките. Градоначалникот на Град Скопје ќе ги чека извештаите од инспекторите, па ќе и соопшти на јавноста.
Шилегов рече дека Град Скопје ги прекинал активностите на објектите каде градот е носител на градежните работи, истовремено, потсети дека апелирал до останатите да го прекинат ваквиот вид на активности, но сепак, признава дека очигледно дел од нив не ја почитувале времената мерка.
Градоначалникот на Град Скопје, порача дека инспекторите вчера и денеска вршат засилен надзор, но и дека на координативните состаноци ќе побара да биде засилен инспекцискиот надзор од страна на општинските инспекции, но и ригорозни казни за непочитувачите на времената мерка.
Дел од јавноста, но и според пишувањата на медиумите, скопските општини вчера и денеска не ги почитуваат препораките на градската администрација. И покрај екстремното загадување дозволуваат на терен се уште да траат градежните активности.
Актерот Роберт Вељановски на својот твитер профил објави видео на кое јасно се гледа како без никаква забрана се извршуваат градежните работи во општината Карпош и покрај високото загадување и времените мерки кои ги издадоа надлежните.
Како мерките за справување со загаденоста и забраната за градежни работи во #ГрадСкопје и во #Карпош?!#sbogoev #Шилегофф pic.twitter.com/Zf2ZZHREWr
— Robert Veljanovski (@r_veljanovski) January 21, 2019
Comments are closed for this post.