Клеј Томсон беше во апсолутно неверојатен шутерски ритам станувајќи вториот кошаркар во историјата кој погодил 10 последователни шутеви за три поени без промашување. Пред Томсон, единствен кому му успеа да погоди 10 тројки по ред беше Тај Лоусон.
Бекот на Голден Стејт вориорс, ги реализира своите 10 први тројки на дуелот против Лос Анџелес лејкерс, завршувајќи го мечот со 44 поени и шут од игра 17 од 20, меѓу кои и 10 од 11 за три поени, а се тоа за само 27 минути поминати на паркетот.
🚨 KLAY THOMPSON’S 10TH THREE! 🚨
That’s an NBA record for 3PM to start a game before missing!#DubNation @NBAonTNT pic.twitter.com/RIFY48qyik
— NBA (@NBA) January 22, 2019
Со таквиот перформанс, Томсон ги предводеше „воините до лесен триумф од 130-111. Освен него одлична партија пружија и Кевин Дурант со 20 поени и Стеф Кари со 12 асистенции. Како тим, играчите на Голден Стејт имаа 41 асистенција за 50 реализирани шутеви од игра.
Резултати од синоќешните натпревари:
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 111-130
Њујорк – Оклахома сити 109-127
Кливленд – Чикаго 88-104
Вашингтон – Детроит 101-87
Милвоки – Далас 116-106
Атланта – Орландо 103-122
Бруклин – Сакраменто 123-94
Мемфис – Њу Орлеанс 85-105
Бостон – Мајами 107-99
Филаделфија – Хјустон 121-93
Јута -Портланд 104-109
Comments are closed for this post.