Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е МВП по првата групна фаза на Светското првенство.
Лазаров петте натпревари во Б-групата ги заврши со вкупно 55 бодови од кои 30 се од головите и 25 од асистенциите.
Втор на оваа листа е Микел Хансен од Данска со 49 поени (35 голови + 14 асистенции).
Што се однесува на посебните листи, Лазаров е прв по број на асистенции и четврти на листа на стрелци.
Пласман меѓу најдобрите десет има и голманот Борко Ристовски. Чуварот на мрежата на македонската репрезентација е на делба на 8.место по процентот на одбранети удари. Тој „фати” 47 од 126 упатени удари кон голот што претставува 37 отсто успешност
Comments are closed for this post.