Вториот рекет на светот, Рафаел Надал, по два и пол часовна борба успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на првиот овогодишен Грен слем, Австралија Опен.

Во првото, второто и третото коло Надал требаше да победува домашни тенисери и тоа го направи без проблем. Тој днеска го совлада австралиецот Алекс де Минар.

За Надал ова беше јубилејна 250-та победа на Грен слем турнирите.

Од него повеќе победи на најголемите четири тениски турнири во светот имаат Новак Ѓоковиќ со 260 и Роџер Федерер со 362 победи.

Следниот противник на Надал во Мелбурн ќе биде чешкиот тенисер Томас Бердих.

Мечот за пласман во четвртфиналето ќе се одржи на 20 јануари.