Македонија во клучниот натпревар не успеа да го совлада Исланд и со тоа не се пласира меѓу првите 12 репрезентации на Светското првенство што беше услов да играме квалификации за Олимписките игри. Доживеавме пораз 24-22.
Се чини дека ова е крај на генерацијата на Кире Лазаров и тимот постепено ќе мора да се подмладува.
По почетната несигурност Македонија фати ритам и воглавно беше во водство од неколку погодоци. Кога нашиот тим паѓаше Борко Ристовски со одлични одбрани ја враќаше самодовербата кај нашите ракометари.
Головите во нашата мрежа во најголем дел паѓаа кога игравме со играч повеќе но без голман. Во тие напади нашите ракометари правеа грешко во додавањето и оставаме празна мрежа. Се чини дека Раул Гонзалес премногу форсираше ваква игра.
Comments are closed for this post.