Зоран Заев е човекот кој пред да дојде на власт ветуваше дека нема да спроведе двојазичност. Како пример наведуваше градови како Струмица, Радовиш, Кавадарци, каде нема граѓани кои зборуваат албански, за сега откако стана премиер да спроведе целосна двојазичност, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Како што истакна генералниот секретар на опозициската партија, откако седна на премиерската фотеља Зоран Заев спроведе се што велеше дека нема.
„Зоран Заев нема повеќе легитимитет за ништо. Зоран Заев мора да си замине, а затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Поминаа 6 дена откако ВМРО-ДПМНЕ повика за итно распуштање на собранието и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во април, а власта бега и се крие зад празни флоскули. Зоран Заев е уплашен од гласот на граѓаните кои му кажаа НЕ на раферендумот на 30 ти септември“, рече Јанушев.
Тој го повтори барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.
„Господине Заев покажете барем малку храброст и распишете предвремени парламентарни избори. Доколку собранието се распушти на 21 јануари има доволно време до крајот на април да се испочитуваат сите услови согласно пржинскиот модел и да се спроведат фер избори“, порача Јанушев.
Comments are closed for this post.