Турција сака да ја види Македонија што поскоро во НАТО, како 30. членка, рече денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу на средбата со неговиот македонски колега и гостин, Никола Димитров.

Турските медиуми објавија дека средбата била пријателска, а разговорите топли. Притоа Чавушоглу нагласил дека „Турција ја признава Македонија под нејзиното уставно име“.

Имаме цврсти односи со Македонија наназад со векови, и врските се цврти без разлика на политичките односи, рече тој.

Чавушоглу истакна дека „стабилноста на Македонија“ е важна за целиот Балкан, и притоа нагласи дека „Турција се грижи за стабилноста на регионот и дава поддршка за економски развој“.