Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му одговори на рускиот претседател Владимир Путин, кој за српските медиуми изјави дека САД се дестабилизирачки фактор на Балканот, порачувајќи дека токму Русија е таа која со својата политика му нанесува штети на регионот.
Според Харадинај, што поголемото присуство на САД на Балканот значи повеќе мир, стабилност и развој, додека руското присуство го има спротивниот ефект.
На изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека политиките на САД и западните сојузници се дестабилизирачки фактор на Балканот, ќе одговорам дека Америка и НАТО на Балканот подразбира повеќе мир, стабилност и развој. Активното руско присуство на Балканот го подразбира токму спротивното. Косово доаѓа во мир, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.
Deklarimeve të Presidentit të Rusisë, Vladmir Putin, dhënë për një media serbe, se politikat e ShBA-së dhe aleatëve…
Posted by Ramush Haradinaj on Wednesday, January 16, 2019
Comments are closed for this post.