Втор пораз за македонската ракометна репрезентација на светското првенство во Германија. Овој пат од европскиот шампион Шпанија со 32:21.

Во првото полувреме нашите репрезентативци одиграа одлично. Често пати имавме водство. Се менувавме во резултатска предност со Шпанците. А Митревски беше одличен на голот. Имае 11 одбрани. На полувремето Шпанија имаше предност од 13:12.

Несфатлив пад се случи во нашата репрезентација во втрото полувреме. За само три минути Шпанците направија 5:0. Македонските ракометари како да се предадоа, а шанса добија помладите.

Пешевски постигна шест гола, а Кире Лазаров пет. Кај Шпанците Гомез и Ентрериос со шест.

Утре Македонија го игра решавачкиот натпревар за пласман во следнатта фаза. Натпреварот против Исланд се игра во 18:00 часот.