Прифатените амандмани за Законот за Антикорупциска Комисија според ВМРО-ДПМНЕ потврдуваатдека партијата во минатото не г блокирала формирањето на новиот состав на комисијата. Ова како што велат во партијата е спротивно на тврдењата на СДСМ.
Драго ни е што владејачкото мнозинство го послуша нашиот апел и беа земени во предвид нашите амандмани се со цел да се донесе што е можно поквалитетен закон за формирање на Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси. Како што и претходно кажавме, како опозиција нашите амандмани беа од суштинско значење кои драстично го променија текстот на законот. Прифаќањето на амандманите е показател дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси туку пред се има еден сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси кои се одвиваат во нашето општество. Сигурна сум дека после ова Република Македонија ќе добие професионална Државна комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, комисија која што ќе ги задоволува европските вредности и истовремено ќе го покаже својот квалитет. Повторувам ВМРО-ДПМНЕ ни имало намера, ни има намера да блокира вакви важни закони во Република Македонија. Искрено се надевам оти ќе биде формирана силна антикорупциска комисија која ќе се избори во корупцијата во нашата држава, која ќе се спротивстави и ќе ги реши секојдневните корупциски скандали на актуелната власт во Република Македонија, рече попладнево на прес-конференција Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.