Русија не е против новото име на Македонија, ниту против договорот меѓу Грција и Македонија околу името, туку прашува колку овој процес е легитимен, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на денешната прес конференција во Москва на која ги претстави резултатите од работата на руската дипломатија во 2018 година, јави МИА.
На прес-конференцијата Лавров рече дека Русија го поставува прашањето во која мера договорот за името на Македонија е резултат на стремежите на двете земји и на народите да најдат решение и компромис, а во која мера е резултат на „заложбите на САД сите земји на Балканот да ги пикнат во НАТО”, што е можно поскоро и да се запре секое влијание на Русија во регионот.
Според Лавров, името на Македонија не било решено на ниво што го бара Уставот на Република Македонија.
Лавров истакна дека начинот на кој беше договорено новото име Македонија има тенденција на САД и неговите блиски сојузници место почитување на меѓународното право да се користи “сет од правила”.
Место правен пристап, што подразбира донесување на закони што ќе бидат потпишани од страна на претседателот на Република Македонија, се применува неправен пристап, туку пристап на правила. Измислено е правилото, според кое, покрај Уставот на Република Македонија, решението да може да биде потпишано на ниво на министер, а не на ниво на претседателот, рече Лавров.
Според него, целта на овој пристап е тоа што сите земји на Балканот, што е можно поскоро да се натераат во НАТО, со помош на „НАТО-центрични правила “.
Comments are closed for this post.