Европската комисија нема коментар за последните случувања поврзани со Законот за јазици и Договорот со Грција. Пресинг ТВ го праша портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчич дали за ЕУ е прифатливо што Договорот со Грција и законот за јазиците се објавени во Службен весник без потпис на претседателот, спротивно на Уставот.
Ја прашавме Коцијанчич дали повикувањето на вледеење на правото во Македонија ќе важи и за овој случај. На сето тоа добивме одговор дека нема да коментираат.
Ние сега ги следиме националните процедури за спроведување на договорот, но како и обично не ги коментираме-изјави Коцијанчич за Пресинг ТВ.
Comments are closed for this post.