Џафери вели дека претседателот на државата „ги помешал лонците” и оти се е направено според одредбите од собранискиот Деловник. Џафери најави дека е можно да биде побарана одговорност од претседателот Иванов.

 Иванов не е тој што ќе покрене постапка против законодаваната власт, туку таа е која ќе побара одговорност од него, Не кажав дека ќе побарам импичмент, но надлежноста на законодавната власт е да побара одговорност од претседателот. Тоа е надлежност на пратениците и тие можат да поведат импичмент за претседателот, истакна Џафери.