Москва не се меша во внатрешните работи на Атина околу прашањето за името на Македонија, но продолжува да го изнесува своето мислење за него, зашто влегува во надлежностите на Советот за безбедност на ООН. Ова го изјави заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Грушко, по повод обвинувањата на Грција на адреса на Москва, соопшти ТАСС.

Ние воопшто не се мешаме во внатрешните работи на Грција, но околу оние прашања, што навлегуваат во надлежностите на Советот за безбедност на ООН, Русија ќе ја изнесува својата гледна точка, појасни дипломатот.